Денот потоа, со вклучен мозок?

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

-Да, оние кои се надеваа на убедлив евро-атлантски резултат на референдумот, останаа разочарани. Недостасуваа уште најмалку 150-200 илјади гласови за големо славење на подобрата иднина за Македонија. Како и многу пати досега, „победи“ Партијата на сеирот („апстиненти“, по модерно), тој нерегистриран политички субјект на оние кои мислат дека сите се исти, дека не вреди за ништо да се заземе страна и дека ќебапчињата со кромид се оригинално измислени во Турска чаршија во Скопје.

Колку само им завидувам! Не е едноставно да се постигне таква леснотија на постоењето, иако понекогаш ми се чини дека за тој игнорантски дискурс е потребен поголем ангажман отколку да се живее во светот на реалните, изброени можности во политиката. Не е лесно ништо да не те засега, зад тоа веројатно се крие подлабока фрустрација отколку кај оние кои покажуваат дека нешто ги засега.

Но, трикот е во тоа што не е важно дали вие ја сакате „политиката“ – што и да се подразбира под тоа – бидејќи нејзе ѝ е сеедно, таа ве сака вас. Таа произведува секојдневни последици и за сеирџиите, дотолку повеќе кога не пружате отпор. Политиката таквите најмногу ги сака.

Во таквата „сурова реалност“ на нашето секојдневие, не ми се чини лош аргументот на Заев: со 600+ илјади гласови ЗА, дури ако опозицијата ги извадеше и своите 400+ илјади гласачи на референдумот и сите тие да гласаа ПРОТИВ – ќе беа убедливо поразени. (Додека сеирџиите си гледаат сеир.)

Но, таа логика ништо не вреди, бидејќи Мицкоски веќе ја соопшти одлуката на својата партија: Договорот со Грција е мртов, референдумот е неуспешен, промена на Уставот нема да има. Од тоа ВМРО-ДПМНЕ, јасно е, нема да се повлече.

Сега работата е во рацете на ДУИ: дали ќе се согласи за релативно скоро распишување на вонредни избори (за „десетина дена“, што би рекол Заев, додека се убедува со Мицкоски и со кого треба уште таму, за да не биде дека не се ни обиделе да преговараат за промена на Уставот без избори); или ќе ја завлече работата со недели, па и месеци, во нов „Пржино Икс“ модел на „давење“ на противникот (кој и да е тоа!), додека самите избори, за намената за која вонредно би се распишувале за да се стасаат роковите со Грција, не станат беспредметни?

Бидејќи, гледајте, тука математиката е прилично јасна: големата коалиција на СДСМ/ДУИ и другите партнери, на вонредни избори стартува, за почеток, со 600 илјади гласови. Тоа штотуку го проверивме.

На колку гласови може да смета ВМРО-ДПМНЕ?

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e