Цвикатор

Ако се погледне „новиот“ статут на партијата, сега и да сака некој, веќе нема можности за свикување конгрес најмалку уште шест месеци. Со други зборови, Мицкоски си обезбеди продолжување на својот политички живот уште најмалку шест месеци. Цвикатор, би рекле во мое маало.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по предлог на Мицкоски, го избра новиот Извршен комитет доцна навечер, на 21 септември. Во новиот ИК ја нема Даниела Рангелова, но затоа има неколку имиња кои се „прославија“ со безброј бисери и злоупотреби за време на техничката влада, со јавање коњи, потпалувачки говор и црна кампања… Во новиот состав се и неизбежните Александар Керозин Николовски и „џорчевецот“ Владо Кендо Мисајловски како потпретседатели.

Во оваа претежно машка дружина се најдоа и неколку вечни партиски функционери – Трајко Славески, Коце Трајановски и Антонијо Милошоски. Дел од членовите на извршното партиско тело се веќе подолго време претенденти на престолот во ВМРО-ДПМНЕ, но мнозинството му е послушно на Мицкоски. Барем засега.

Мицкоски на Централен предложил свикување на вонреден конгрес на партијата. Централниот комитет експресно му го одбил предлогот… Кутриот Мицкоски, многу мака си има со овој толку непослушен Централен комитет! Ниту му дозволува да поднесе оставка, ниту да свика вонреден конгрес…

„Доаѓа на ЦК со предлог за нов Извршен комитет, а пред тоа предлага на ЦК, Конгрес кој истиот експресно му го одбиваат. Театарче Лево ќоше. ВМРО РЕЦИКЛИРАНО!“ – коментира Даниела Рангелова, една од најгласните поборнички за родова еднаквост и за демократизација во партијата.

Целата колумна на Џабир Дерала за Слободен печат на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e