Чулев го активира ВМРО во МВР(О)

Нова предизборна стратегија на Христијан Мицкоски е за жртвите од епидемијата и загубите од економската криза да ја обвини власта, а МВР, по диктат на Чулев, да поднесува кривични пријави против носители на јавни функции.

Едно мало потсетување на блиското минато е неопходно за разјаснување на денешната хаотична ситуација околу неизвесноста кога ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Пред да стаса коронавирусот во Македонија, кога врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа сигурни во својата победа под силна импресија на француското вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ и оставката на премиерот Зоран Заев поради неочекуваната блокада,  на 14 јануари објавив колумна во nezavisen.mk со наслов „Чулев глуми апсење на Заев“.

Денеска тоа веќе не е ни глумење ни партиска пропаганда, туку сериозна најава дека ВМРО- ДПМНЕ ја активира вмровската структура во МВР со јавно објавена обзнана дека се подготвуваат кривични пријави за носители на власта како последен адут во битката за изборна победа и освојување на власта. Од кога тоа МВР почна да најавува со фанфари и тапани кривични пријави наместо да ги поднесува?

Разликата е во тоа што сега нема да им се суди на предавниците, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го прифати целосно Преспанскиот Договор и членството во НАТО, додуша тоа го направи прилично премолчено. Едноставно ги стави ад акта националните и идентитетски предавства, фаќајќи се цврсто за многу попримамливата актуелна пандемија и нејзините трагични последици во човечки животи и драматични загуби во економијата, гарнирана со изменети закани дека ќе им се суди на носители на организираниот  криминал и висока корупцијата. Така осудените и обвинетите од судската клупа ќе станат обвинители во изборна кампања. Добро осмислена политичка пропаганда во земјата во која владеењето на правото е директно поврзано со владеење со државата.

Тогашните закани на Мицкоски  дека ќе им се суди веднаш по изборите на 12 април на потписниците на Преспанскиот договор со Грција, беа сфатени повеќе како само вербална предизборна закана за придобивање гласачи. Денес, само по неколку месеци, таквите обвинувања, во новата реалност на добиен датум за преговори со ЕУ и членство во НАТО, изгледаат наивно и бесмислено, дури и да е кажано само на зборови.

Тогаш напишав: Техничкиот времен  министер, Наќе Чулев гради имиџ божем е во интензивна потрага по обвинител, доволно голем патриот,  кој ќе потпише налог за апсење на премиерот во оставка Зоран Заев. Плаши мечка со дајре. По драматичните повици на Христијан Мицкоски, дека по освојувањето на власта ќе им се суди на предавниците, брзо и ефикасно, без застарување на предметите, високиот партиски професионалец Чулев ја разбра пораката да крева тензии дека е готово, победата е извојувана.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e