Чистењето на Ристиќ

За собирање пикавци, како што самата тврди, не е приведена, сигурно, а не се знае дали била приведена затоа што била во алкохолизирана состојба, па била носена во Бардовци на крвна проба.

А, бе, што е ова со Ристиќка?!

Го прочитав нејзиниот статус и ја добив вообичаената доза на острина, духовитост и зајадливост во нејзината битка против неправдата и лошата власт, но и некое чувство дека знае дека во целата афера не е сто проценти чиста.

За собирање пикавци, како што самата тврди, не е приведена, сигурно, а не се знае дали била приведена затоа што била во алкохолизирана состојба, па била носена во Бардовци на крвна проба. Можеби сакала да постави експлозивен поздрав за американскиот министер за одбрана, можеби Русите ја платиле да направи некаков перформанс за да го минира референдумот и да го релативизира триумфалниот марш за Европа, да биде некоја наша  „анти Пуси рајот” или нешто слично, можеби само сакала да види дали ќе ја приведат па смислила некоја провокација, хахаха, не знам, никој не знае, ниту, пак, мислам, во Македонија може да знае што навистина се случило, но сите овие варијанти и уште сто други можни и неможни причини и објаснувања, можат да ја оправдаат ноќната прошетка на славната актерка на трошок на полицијата, само ако се во неспорен судир со законот. Знам дека полицијата ќе се повика на законот и за нужноста тој да важи еднакво за сите, така и треба да биде; и по светот славни личности знаат да завршат во полициски станици, но секој закон и секоја законска одредба има една зона на интерпретација и арбитража, која на власта и овозможува да биде тактична со граѓаните, без да ја занемари својата функција, а на граѓаните да разберат дека ја усрале работата без да бидат казнети, особено не на начин кој го урива нивното достоинство.

Бранко Тричковски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e