Богојески: Двајцата “вмровци” Каракачанов и Мицкоски не играат бугарско или македонски оро, туку се експерти за казачок коло!

ДЕМАНТ!!! ⛔️
Фантазијата на коалиционите партнери Красимир Каракачанов и Христијан Мицкоски очигледно нема граници!
Обидот да се прикаже Македонски концепт и јас лично како “бугарашки проект”, кој Ви го најавив вчера, го започнаа со реализација, бидејќи од наша страна се отфрлени сите нивни барања и уцени!

Во таа насока, во целост ги демантирам сите дезинформации, подготвувани во Бугарија, а пренесени од “македонски медиуми” познати како “Куририте”, финансирани од Будимпешта и од една болшевичка нафтена компанија, присутна во Македонија!
Поголем доказ за тоа дека ортачки дејствуваат двајцата “вмровци” Каракачанов и Мицкоски, кои не играат бугарско или македонски оро, туку се експерти за казачок коло, нема!
Очекувам “куририте” од мермерната палата, подизведувачи на Каракачанов, да одговорат дали оваа акција против нас им ја плати еден “бугарски конзул” во обид?!?

Од страна на Македонски концепт и од мене, ќе биде поднесена тужба за клевета против “Куририте”!!!

Повеќе од сто пати поставувам прашање до Влада на Република Северна Македонија и Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ, како ние граѓаните да се заштитиме од толку “реномирани медиуми” како Инфомакс или Куририте?!? Повеќе од три години ветувате решение, а никаде го нема?!?

Нема да не поколебате!!!
Одиме со крупни чекори напред кон ЕУ!
ФБ статус на Петар Богојески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e