Благодарност до ЗНМ и до Министератвото за култура

Сакам да им се заблагодарам на Здружението на новинарите и на претседателот Селмани, како и на Министерството за култура и на министерот Алаѓозовски и советникот Сарачини, за мерките што ги презедоа во врска со смртните закани што ми ги упати Шанацот Тони.

ЗНМ поднесе кривична пријава, а министерството побара од директорот на МНТ дисциплинска мерка против типот кој сака да ме задави за да може од блиску да посматра каква боја ќе биде душата што ќе ми излезе низ носот, или низ газот, не знам за која дупка ќе се реши душата.

Овие иницијативи се важна порака дека цивилизираноста во Македонија ќе ги брани своите граници со сите правни, административни, културни и културолошки, медиумски и демократски средства. Дека ќе се труди да му го стесни просторот на Злото на тесните енклави познати во светот како затвори.
Важно е и тоа дека преземените мерки ја легитимираат на некој начин новата атмосфера што се раѓа на крилата на политичката победа против силите на Злото и дека се стремат да го деконтаминираат јавниот простор од просташтвото и примитивизмот, од вулграноста без стил, од недоделканоста, од антиелитизмот, од антикултурната култура. Не помина многу време од промените, а типовите како Шанацот и другите гдомови, громови, бетмени и еднооки организми, веќе се однесуваат како диносауруси кои заборавиле да умрат во леденото доба на преодот и сега делуваат доста трапаво, егзотично и само на моменти опасно во новото доба во Македонија!

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e