Безмозочна партиска зомби пешадија

Илјадници пати е кажано и докажано во безброј горчливи инциденти. Говорот на омразата е оружје. Тоа е орозот на вистинското физичко насилство. Тоа е оружје на криминалците кои со заканата со насилство ги бранат своите кривични дела, збогатувањето на криминален начин, со кражба на јавните пари…

Изминаа долги денови и недели, како и претходно месеци и години. По безброј повици, пријави, поднесоци… Колку што ми е познато, МВР и ОЈО сè уште не покренале постапки за клеветите, навредите и лагите, за говорот на омразата и заканите со убиство на активисти на граѓанското општество и на нивните семејства. Неколку спорадични „информативни разговори“ и повици во ОЈО можат само да потврдат дека проблемот им е видлив и дека имаат законска рамка во која можат да преземат нешто. Но, неказнивоста останува.

Со гнасни и навредливи изрази, некои и со оружје во рацете, а огромен број од нив, скриени зад анонимни профили, секојдневно, на безброј начини, ја контаминираат јавната комуникација со лавини од омраза и навреди за секој што не мисли како нив – радикални националисти. Нивна мета се и семејствата на оние што се различни од нив. Без принципи и морални скрупули, тие само продолжуваат со своето дивеење, неконтролирано и безумно. Тоа е таа безмозочна партиска зомби пешадија.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e