Баталете политикантство, дајте поддршка!

Ако политичката нервоза, што почнува да ја манифестира опозицијата, расте побрзо од ескалацијата на последиците од заразата во Македонија во април, ќе треба да се соочиме со нешто што може да прерасне во хистерија, а тоа не е добро за целото општество.

Сметам дека не е ни важно зошто Мицкоски нагло го зголемува притисокот. Можеби од страв, можеби од збунетост, можеби затоа што е лошо информиран, а можеби и затоа што мисли дека сега му е време за политички поентирања… Но, која и да е причината, таа не може да биде поважна од развојот на општата здравствена ситуација. Особено ако тоа се прави со изнесување погрешни или сосема лажни податоци. Кога тоа ќе се случи – како што му се случи на лидерот на опозицијата за викендот – добро е да следува брзо извинување и да се објасни дека тоа не се прави (се надеваме) со некаква задна намера, а не да се удвои пропагандата за дезавуирање на актуелната антивирусна политика.

Тоа не значи дека не треба да се поставуваат и тешки прашања до власта. Но, кај опозицијата не се чувствува конструктивност во тој евентуален напор. Не можат да ја скријат омразата кон политичките противници, а кога е Филипче во прашање, „пердето“ толку им паѓа врз очи, што ни апчиња за смирување не помагаат. Човек добива впечаток дека ако се случи и министерот за здравство да се зарази од коронава, тие би свикале вонреден партиски конгрес за со зурли и тапани да ја прослават таа „победа“!

Самиот Филипче, пак, предупредува дека влегуваме во „нова фаза“ од заразата. Преведено, тоа значи дека бројките во наредните недели ќе бидат лоши и ќе одат „нагоре“, веројатно по сите жални основи. Речиси е сигурно дека ќе следува заострување на мерките за изолација, по примерот на Дебар и Куманово, и во други општини низ Македонија.

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e