Ангелов: Сето она за кое сите ние, комитите, партизаните и бранителите се боревме со оружје, благодарение на владата на Заев финишираше преку влезот во НАТО

Македонските револуционери на целата македонска територија ги удрија крвавите темели на македонската држава.
Македонските партизани на дел од македонската територија ја создадоа македонската држава.
Ние, македонските бранители, го одбранивме парчето македонска земја на кое се наоѓа денешната македонска држава.
Сето она за кое сите ние, комитите, партизаните и бранителите се боревме со оружје, благодарение на владата предводена од премиерот Зоран Заев финишираше без оружје, со бетонирање на македонските граници преку влезот во најмоќниот воено-политички сојуз на светот, НАТО.
Нека ни е честит и вековит Илинден!
ФБ статус на Стојанче Ангелов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e