Амди, Ѕинго и останатиот шљам на македонскиот политички панаѓур

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивилмедиа.

-Влегувањето на таа насилничка гротеска од политичар Амди Бајрам во владата не е ни оддалеку помалку неморална политичка постапка, отколку влегувањето на еден Ѕинго. Штетата која македонската демократија ја претрпе во изминатите децении, а особено во времето кога овој кратовски деспот беше во верна и топла прегратка со ВМРО-ДПМНЕ, е неспоредливо поголема, отколку онаа што ја предизвикал кланот на Амди. И – не се единствените живописни „народњаци“ во македонската чорба која мора да ја сркаме и прескапо да ја платиме.

Причините што Амди, а со тоа и владата на Заев, е мета на онлајн гневот лежат во неговата видлива вулгарност и насилништво. Амди е човекот кој физички нападна кандидатка за пратеничка (сега вице-премиерка) среде избирачко место, тепаше, ограбуваше и малтретираше сѐ што мрда во Шуто Оризари и секаде каде што за тоа му се укажуваше можност.

Но, Ѕинго е неспоредливо поголем насилник, деспот кој преку својата бизнис-политичко-медиумска империја влијае на целото македонско општество со децении наназад. Тоа е човек од кој проплака и старо и младо во Кратово и секаде кај што е присутен овој пост-комунистички олигарх, инаку некогаш близок пријател на Слободан Милошевиќ.

Колумната во целост можете да ја прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e