Александар Ванев: Мерките на оваа Влада се во интерес на граѓаните

Владата предводена од СДСМ и коалицијата носи мерки кои што се во интерес за сите граѓаните во нашата држава.

Почнувајќи уште од следниот месец минималната плата ќе изнесува 14.500 денари. На почетокот од мандатот на СДСМ, минималната плата беше 9.500 денари, а сега истата е зголемена на 14.500 денари. Секој граѓанин да има пристон живот. Владата продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните и продолжува да се бори нашата држава да стане поубаво место за сите.
Исто така, со Предлог-буџетот за 2020 година пензиите се покачуваат за 700 денари, со што просечната пензија би била 15.500 денари. За две ипол години вкупно, оваа Влада ја покачи просечната пензија за 1.746 денари.

Се воведува Младински додаток, 3.000 денари месечно, за сите млади во производна дејност! 3.000 денари исплата на лична сметка на сите млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со социјално осигурување во производствена дејност, потоа на младите лица ангажирани кај работодавач од производствена дејност преку приватна агенција за вработување, како и на млади земјоделци со социјално осигурување. Оваа мерка ги задоволува и потребите на работодавачите за квалификувана работна сила, бидејќи се поттикнуваат младите да се вработат во производство по завршувањето на средното образование.
Исто така, постигнато е рекордно зголемување на платите на здравствените работници и соработници, од февруари 2020 година. Со сите други зголемувања од 2018 година, па наваму, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, а на медицинските сестри меѓу 20 и 23%. Грижата за пациентите и мотивацијата на медицинскиот персонал на прво место!
Помеѓу МОН и СОНК е постигнат историски договор, наставниците добиваат дополнителни 10% покачување на платата од јануари 2020. Тоа значи вкупно покачување на платите на просветните работници од над 20%. За децата и образованието е најважно да има мотивирани наставници.

Имаме зголемување на просечната плата во преработувачката индустрија, која за 2 години порасна за 3.200 денари и во август изнесуваше 20.074 денари. И не само раст на платите, истиот месец имаме раст на индустриското производство од 9,8%, а во секторот на Преработувачката индустрија од 4,5%. Преработувачката индустрија е една од најважните индустриски гранки што носи раст на производството, вработувањата и инвестициите во нашата држава, и затоа продолжува поддршката на компаниите преку Планот за економски раст и со други мерки коишто го стимулираат растот на платите.

Должност на Владата е грижата за земјоделците и нивните семејства, бидејќи земјоделството е еден од носечките столбови на македонската економија. Кога СДСМ дојде на власт, просечната плата во земјоделството беше 16.889 денари. За само 2 години оваа Влада ја зголеми за дополнителни 3.000 денарии сега изнесува 19.889 денари. Просечните плати во нашата земја растат и продолжуваат да растат.

Досега се отворени повеќе од 54.000 работни места, од кои најмногу се пополнети со млади луѓе. Вкупната бројка на вработени во државата била 728.000, а сега 782.000 граѓани. Просечната плата од 30.000 што оваа Влада ја имаше ветено за мандат од 4 години, во моментот, после 2 години и 5 месеци, просечната плата изнесува 25.127 денари. Младинската гаранција функционира и дава резултати. Преку неа се вработуваат многу млади, имаат можност за тренинг, доедукација.

Казните значително се намалени и усогласени согласно стандардот на граѓаните.  Кај законот за безбедност на сообраќајот и патиштата, тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животнозагрозувачки прекршоци кои остануваат исти. Исто така, со измените во Законот за безбедност на сообраќајот и патишата, времено ќе бидат одзмени возила кои предизвикуваат голема бучава и го нарушуваат јавниорт ред и мир.

Буџетот за 2020 година е развоен буџет посветен на нашиот најсилен капитал – човекот. Политиките на оваа Влада и во наредниот период ќе се осврнат на нашиот најсилен капитал – човечкиот. Покачена е минималната плата, пензиите, платите и социјалната грижа, се цели кон остварување на условите за подобар живот за сите граѓани, овде во Северна Македонија.

Фејсбук статус на Александар Ванев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ