КУМ 4

Баш фино што одработивте за криминалната банда што се претставува како ВМРО-ДПМНЕ. Само немојте да се правдате дека сте работеле за доброто на Македонија.

1. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг фучи на безобразието на ВМРО-ДМПНЕ, а премиерот Зоран Заев уште глуми наивност. Вели дека ќе разговарал со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да обезбеди 80 гласа за уставни измени  и тоа „во пријатна атмосфера“. А пратениците пак, дури и тие што одлучувале самостојно и го послушале лидерот Христијан Мицкоски да го следат разумот и срцето па по слободна волја излегле да гласаат на референдумот за името, сега ќе потпишувале заклетви дека нема да гласаат за промена на Уставот. Тоа е хендикеп кога си во опозиција. Кога беа на власт потпишуваа меници. Сега ќе даваат заклетви.

Пред кого ќе се заколнуваат вмровците? И чиј прстен ќе бакнуваат кога ќе се заколнуваат?  Како во сцената од филмот „Кум“.  „Кум 1“, „Кум 2“, „Кум 3“. И „Кум 4“. И продолжува. Оти имаме и агенција за обезбедување со инспиративно име, „Омерта“, блиска до власта. И тие работат на случајот.

2. Туку, сега што правиме? Ај ВМРО-ДПМНЕ што бојкотираше референдумот – бојкотираше.  Со што ли ќе нѐ просветлат сега мудросерите од високоумната интелектуална елита што го поддржа бојкотот и го туркаше како единствена исправна опција? Имаат ли сега идеја како да се излезе од оваа нова криза? Оти и додека од високо мудросереа за референдумот, никогаш не кажаа која е алтернативата на Македонија освен прифаќање на договорот со Грција, за да се влезе во НАТО и за да се почнат преговори со ЕУ.

Те сите се исти, те сами сме требало да се демократизираме, те  сами сме можеле да се средиме, само дебата и разум ни требало, те процедура да се почитувала, те политичките елити нѐ заробиле и време е да се казнат… Не објаснија ни како, ни до кога. И со кого?

Многу ги болело во пределот на Преамбулата. Па  затоа избраа да го реанимираат  ВМРО-ДПМНЕ. Многу биле навредени од тоа како бил направен договорот со Грција. А сега не се навредени дека по умот на Мицкоски ќе живееме статус кво со нефункционално Собрание, со несигурна економија, со неизвесна иднина… Биле навредени оти Ангела Меркел ни кажувала што да правиме. А сега не се навредени оти ќе имаме Пржино 100,  со емисари од многу понизок ранг на германската канцеларка и британската премиерка. Со длабоки филозофски мисли нам, глупавите, ни објаснуваа дека сега не е вистинскиот момент да се отвори врата за иднината. Сега било момент за правење ајвар. А ни ајвар не направија.

Од сите нас бараа одговорност. А тие, длабокоумните од интелектуалните височини, самите одговорност не покажаа. Покажаа дека не се кадарни за основно демократско однесување, а нас на демократија нѐ учеа.

Ова нема врска со болката во пределот на Преамбулата. Ова е неодговорно одработување за ВМРО-ДПМНЕ. За криминалната банда што нѐ држи во стега еве веќе 13 години. Звучи ли доволно интелектуално?

3. Баш фино што одработивте за криминалците. Само, немојте да се правдате дека сте работеле за доброто на Македонија. Оти, ВМРО-ДПМНЕ не работи за Македонија. Тоа е веќе извесно. И тоа еве веќе 13 години.

Ај кажете ни сега вие високоумна интелектуална елито на што ќе личат изборите? Кои теми вие, вака демократски, ќе ги  наметнете на гласачкото тело со неспорен демократски капацитет од типот на „триста комада доктори, само од Центар, гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Еден по еден се викани од сабајле. Со сериски бројчиња се“. Или „400 вработени ми се на список, наши, плус од Телеком, плус Алек што ми даде друга група“. Или „да го собереме тој директорот на Комуналното и со кола, под закани да носи Цигани што работат во Комуналец да гласаат. И полициски патроли да патролираат цел ден да се обесхрабрат комуњариве да гласаат“.

Овој демократски капацитет се слушна во бомбите на судското рочиште за злоупотребите за време на локалните избори во 2013, во случајот „Титаник“ на СЈО.

За што ќе дебатирате вие високоинтелектуални мудросери? Прво – името не го даваме. Второ – Шиптарите ќе ни ја земат државата. Плус, мигрантите ќе ни ги доселат во испразнетите градови и села. Чат-пат ќе падне некој збор и за Александар. За избирачкиот список нормално е дека пак ќе се расправа. Па, претседателот на Собранието Талат Џафери, кој го распиша референдумот, не можеше да гласа оти го немаше на список. И за ДИК, чиј претседател Оливер Дерковски, во 2011 на изборите добивал инструкции од Миле Јанакиески како да ги збуни гласачите на СДСМ со кандидатска листа на која се Рада Шекерова и Зоран Зашев.

Колумната на Горан Михајловски за СДК во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e