(ВИДЕО) Роналдо во следните 4 години ќе живее во Торино, Погледнете каква кралска резиденција избра

Фудбалскиот крал Кристијано Роналдо по потписот за Јувентус, ја пронајде и својата приватна оаза во Торино која во наредните четири години ќе биде негов дом.

Славниот Португалец, како и сегде досега каде што престојувал, избирал само ексклузивни локации за себе и за своето семејство, а во Торино тоа е националниот парк „Ла Мандриа“ идната адреса на домување на најголемата фудбалска ѕвезда на денешницата.
Овој парк, инаку втор по големина во Европа од затворен тип, на површина од 3.000 хектари ( обиколен со ѕидини во должина од 30 километри), било место каде низ историјата живееле само благородници и кралеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e