(Видео) Роналдо побара од камерманот да му потврди дека голот што го постигна беше од офсајд

Пред финишот на првото полувреме на вчерашниот натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид , Кристијано Роналдо по втор пат ја затресе мрежата на домаќините.

Но голот беше поништен поради офсајд. Португалецот бурно протестираше, но одлуката на Марк Клатенбург беше исправна.

Откако судијата означи крај на првиот дел, пред да замине во соблекувалната, Кристијано Роналдо застана кај еден од камерманите покрај теренот и побара да му пушти повторена снимка со цел да види дали навистина имало офсајд.

Натпреварот заврши нерешено со резултат 2:2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e