(Видео) Реал Мадрид се „лизна“ и против Лас Палмас

Реал Мадрид второ коло по ред не успева да победи во Ла Лига и прокоцка најголем дел од предноста која ја имаше пред Барселона и останатите ривали за највисок пласман.

Вечерва „кралскиот клуб“ одигра 2:2 на незгодното гостување кај Лас Палмас кој пак продолжува со позитивните резултати сезонава, а на дуелот со Реал два пати успеа да се врати од негатива од еден гол.

Првото водство на Реал кое го донесе Асенсио во првото полувреме траеше само пет минути, а второто обезбедено преку Бензема од 67 до 85. минута кога Араухо ги постави конечните 2:2. Првиот гол за Лас Палмас беше дело на Танаусу.

По ова коло, Реал Мадрид останува на врвот со 14 бодови, еден повеќе од Барселона и два повеќе од Атлетик Билбао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e