(Видео) Италија победи во Израел, Шпанија ја наполни мрежата на Лихтенштајн

Италија со 3-1 славеше на гостувањето кај Израел, Шпанија со убедливи 8-0 го прегази Лихтенштајн во двата преостанати натпревари од нашата група.

Фаворитите во нашата група Италија и Шпанија стартуваа со победи во воведните натпревари од квалификациите за Светското првенство.

Италија преку Пеле во 14. минута го отвори мечот во Израел, а Кандрева од пенал во 31. зголеми на 2-0.

Само четири минути подоцна Израел се врати во игра со голот на Бен Хаим. Во 55. минута Киелини доби втор жолт картон и донесе надеж за изедначување кај домаќините, но точка на мечот стави Имобиле со гол во 83. минута за конечни 1-3.

Шпанија со 8-0 го потопи Лихтенштајн.

По два гола постигнаа Диего Коста, Давид Силва и Алваро Мората, еднаш прецизно стрелаа Роберто и Витоло.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e