Вардар со висок пораз се враќа од Брест

Ракометарите на Вардар вечерва се поразени на гостувањето кај Мешков Брест со 31:22. По овој пораз, „црвено-црните“ паднаа на 6.место во Б-групата од Лигата на шампионите.

Белорускиот тим на актуелниот европски шампион му го нанесе четвртиот пораз оваа сезона во групната фаза и ги задржа теоретските шанси за пласман во елиминациската фаза.

Дека вардарци ќе загубат со огромни девет разлика не се насетуваше по првото полувреме кое македонскиот тим го доби со 13:12. Неизвесна борба се водеше се до резултат 23:22 за домаќините до последните десетина минути, а потоа целосен пад во играта на Вардар и серија од 8:0 за Мешков за конечен триумф.

По девет кола во групата води Кил со 14 бода, Веспрем има 12, Монпеље 11, Келце 10, Порто 10, Вардар 9, Мешков Брест 4, Моторо 2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e