Усвоена е жалбата: Шарапова ќе се врати на терените побрзо од очекуваното

Руската тенисерка, Марија Шарапова ќе се врати на терените и ќе може да се натпреварува побрзо од очекувањата. Ова е одлуката на Судот за Спортска Арбитража (ЦАС) во Лозана кој денеска соопшти оти казната на Шарапова и е намалена од 24 на 15 месеци што значи таа ќе може официјално да му се врати на белиот спорт на 26 април 2017 година.

Петкратната освојувачка на грен слем турнирите на почетокот на оваа година беше позитивна на мелдониум, лек кој е на црната листа, недозволен од 2016. Наводно оваа информација Шарапова не ја знаела, но тоа не ја спречи ИТФ (Интернационалната тениска федерација) да ја суспендира на две години.

Меѓутоа една од најдобрите светски тенисерки реши да ја обжали оваа одлука и на крајот ЦАС одлучи во нејзината полза или поконкретно и ја намали изречената казна.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e