УЕФА подготвува казна за Италија!

Противникот на Македонија во квалификациите за СП 2018 славеше во првото коло на гости кај Израел, но фановите оставија темна дамка.

Италијанската фудбалска федерација (ФИГК) може да заработи тешка казна од УЕФА и тоа поради навивачите. На првиот меч од квалификациите за Светското првенство 2018 година, Италија на гостувањето во Израел победи со 3:1 и покажа дека е голем фаворит за место на завршницата.

Сепак победата на „аѕурите“ остана во сенка на однесувањето на гостинските навивачи. Фановите на Италија на неколку пати беа регистрирани од камерите, како отпоздравуваат со високо исправено крената десна рака (познат како фашистички поздрав за време на втората светска војна).

Ваквата провокација на навивачите, е доволна дисциплинската комисија на европската федерација (УЕФА) да покрене постапка против италијанската федерација.

Израелските медиуми се разочарани дури и од однесувањето на голманот на Италија, капитенот Џиџи Буфон. Според некои пишувања, Буфон ги провоцирал домашните навивачи извикувајќи „слободна Палестина“.

bufon

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За пласман на СП, Италија и Израел се во иста квалификациска група заедно со Македонија. Токму во следното коло во Скопје доаѓа Израел, а веќе во третото коло Италија ќе гостува на „Филип Втори Арената“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e