УЕФА ја казни Албанија со 5 илјади евра

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја казни Албанската фудбалска федерација затоа што нејзините навивачи пред квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 против Франција (0:2) ја исвиркаа химната на „триколорите“. Албанија за овој инцидент треба да плати казна од пет илјади евра.

Инцидентот се случил на 17 ноември во Тирана.

Претходно, во Париз се одржа натпревар меѓу двете репрезентации. Пред тој дуел, најавувачот по грешка ја пушти химната на Андора наместо албанската, а при извинувањето земјата ја именуваше со Ерменија. За овој инцидент Франција е казнета со 20 илјади евра.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e