Стерлинг е прогласен за играч на месец август во Премиер лига

Рахим Стерлинг е прогласен за играч на месец август во Премиер лига, додека истата титула за тренер отиде во рацете на менаџерот на Хал, Мајк Фелан.

Стерлинг изминатиот месец успеа три пати да ја смести топката во противничките мрежи.

Тој во Сити пристигна минатото лето за сума од 62 500 000 евра, но за разлика од почетокот, сега под водство на Гвардиола му оди многу подобро.

Мајк Фелан со Хал изминатиов месец имаше две победи и еден пораз. Тој пристигна во клубот како в.д тренер во јули на местото на Стив Брус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e