Спектакл во Скопје: Антиќ и Фенербахче ќе го разубават 70-годишниот јубилеј на Работнички

Тоа што беше најавено пред извесно време, ова попладне го потврдија првите луѓе на Работнички кои пред акредитираните новинари во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ офицјално соопштија дека 70-годишниот јубилеј на најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија ќе биде одбележан со гостување на Фенербахче во Скопје.

Актуелниот европски вицешампион ја прифатил поканата да биде дел од спектаклот кој го организираат „црвено-белите“ од Градски парк, а секако прво име во фокусот ќе биде поранешниот македонски капитен Перо Антиќ кој заедно со своите соиграчи и Жељко Обрадовиќ ќе и понудат врвна кошарка на македонската публика.

Натпреварот ќе се одигра на 30 септември со почеток од 19:00 часот, а билетите кои ќе бидат пуштени во продажба утре ќе чинат 200 денари.

– Се собравме денес официјално да ја потврдиме убавата вест за тоа дека на 30 септември ќе се одигра натпреварот меѓу Работнички и Фенербахче. Во Скопје пристигнува кошаркарски гигант, актуелен шампион на Турција и вицешампион на Европа, а тоа значи дека ќе ги видиме најдобрите кошаркари во Европа и најуспешниот тренер Жељко Обрадовиќ. Во овој момент сакаме да изразиме и посебна благодареност до Перо Антиќ, без чија помош овој меч немаше да стане реалност, – истакна претседателот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

– Како Работнички, така и Фенерхбаче се наоѓа во еден подготвителен период, за нас ќе биде посебна чест што ќе играме против тим кој е навистина силен. Резултатот ќе биде најмалку важен, голема работа е што ќе го гледаме Фенербахче и сите врвни кошаркари кои тие ги имаат. После лошите случувања во репрезентацијата, ова се надевам ќе биде убав момент за нашата кошарка. Очекувам голема заинтересираност од фановите и исполнување на салата до последното место, – изјави тренерот Марин Докузовски.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e