Шампионот Џио Струмица со три засилувања

Репрезентативците Иван Андонов и Филип Николоски од екипата на Пробиштип и членот на младинската репрезентација Стефан Алексов од Штип се новите засилувања за актуелниот одбојкарски шампион и освојувач на купот, екипата на Џио Струмица, за продолжението на првенството, соопштија од клубот.

Според тренерот на струмичани, Кирил Ричлиев, до почетокот на вториот дел од одбојкарското првенство, кое е закажано за 14 февруари, тимот ќе одигра контролни натпревари со екипите на Разлог и Дупница во Бугарија, а не е исклучена можноста и за возвратни мечеви во Струмица.

Актуелниот освојувач на двојната круна есенскиот дел од првенствто го заврши на второто место, зад екипата на Вардар од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ