СЕХА лига: Вардар беше домаќин на Веспрем од Унгарија

Веспрем падна во Скопје. Со 29:22 синоќа вардарци славеа над актуелниот шампион на Сеха лигата, Веспрем од Унгарија.

Македонскиот првак им се одмазди на унгарците за поразот во Вараждин.

Во салата Јане Сандански, нашиот тим постојано ја одржуваше предноста. Првото полувреме вардарци го добија со 16:12. Домашниот тим беше супериорен и во нападот и во дефанзивата.

Лидер кај стрелците беше Караџиќ со 8 голови а голманот Милиќ запре 11 удари на Веспрем.

Денес во 20:30 часот, унгарците ќе играат со Металург а Вардар во следниот меч ќе биде домаќин на Загреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e