Роналдо по мечот со Милан: Тежок натпревар, важна победа

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо на својот Твитер го коментираше исходот од натпреварот од 12. коло на италијанскиот шампионат против Милан (1:0). На овој натпревар Португалецот беше заменет во 55. минута.

-Тежок натпревар, важна победа – напиша Роналдо на Твитер.

Според „Скај спорт Италија“ фудбалерот ја напуштил Арената околу три минути пред крајот на средбата, лут поради тоа што беше заменет. Наместо него, на теренот влезе Пауло Дибала, кој го постигна решавачкиот гол.

Роналдо по замената не се ракуваше со тренерот и веднаш отиде во соблекувалната.

И на претходниот натпревар на Јувентус, Роналдо исто така не беше задоволен од замената – против Локомотив во Москва во Лигата на шампионите во средата (2:1). Тогаш играчот откако го напушти теренот на крајот од средбата покажа нешто и му дофрли некој збор на Сари.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e