(Видео) Рома го доби дербито со Интер

Дерби пресметката на Олимпико и припадна на Рома, избраниците на Лучано Спалети го совладаа Интер со 2-1.

Резултатот беше отворен по само пет минути игра, Џеко со пета ја затресе мрежата на Интер.

Двете екипи потоа пропуштија по неколку добри шанси, особено Рома, а Интер успеа да изедначи во 72. минута преку Банега.

По една одлична акција, Аргентинецот биеше по земја на поблиската статива за својот прв погодок во Серија А.

Сепак, Рома за кратко време се врати во водство. Во 76. минута Манолас со глава го матираше Хандановиќ за победа на домаќините.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e