Резултати од синоќешната Лига на Шампиони во фудбал

Барселона успеа да се врати со трите бода од гостувањето против Борусија Менхенгладбах, откако со пресврт дојде до победа од 2:1 во натпреварот од второто коло во групата Ц од Лигата на шампиони.

Во истата група, по многу драма во Глазгов, Селтик и Манчестер Сити одиграа без победник 2:2. Атлетико Мадрид славеше со 1:0 против Баерн Минхен во групата Д, а Баварците можат да бидат среќни што не беше и 2:0, бидејќи Гризман промаши пенал во финишот.

Во групата А, Арсенал го совлада Базел со 2:0 во Лондон, додека ПСЖ победи со 3:1 на гостувањето против Лудогорец.

Останати резултати: Бешикташ-Динамо Киев 1:1, Ростов-ПСВ 2:2, Наполи-Бенфика 4:2.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e