Работнички го ангажира Младеновски

Најтрофејниот кошаркарски клуб Работнички потпиша договор со репрезентативецот Љубомир Младеновски.

Ова за Младеновски е враќање во својот дом по пауза од шест години, откако беше дел од Работнички во сезоната 2002-2003. После тоа играше за МЗТ и Илирија, а минатата сезона ја мина во шампионскиот тим од Аеродром.

За Работнички се очекува да дебитира во второто коло од ПМКЛ, каде Работнички во недела на домашен терен ќе го пречека Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e