Несреќен финиш во Скадар, Македонија остана без заслужен бод

Македонската фудбалска репрезентација беше во полн налет и се чинеше дека е на добар пат да направи пресврт на натпреварот против Албанија, но прекинувњето на вчерашниот меч и доигрувањето ова попладне на крајот се покажа како подобра опција за домаќините кои по еден карамбол стигнаа до победа од 2:1.

Нашиот тим го стартуваше доста агресивно доигрувањето од 76-та минута, не дозволија Албанците да ја развијат својата игра, меѓутоа една грешка во потесната одбрана во 89-та минута се покажа како кобна за избраниците на Игор Ангеловски.

Балај знаеше како да ја искористи лошата реакција на Мојсов кој остави топката да оди непречено во срцето на шеснаесетникот, па иако Македонија имаше една навистина фантастична шанса до крајот, киксот во одбраната се покажа како пресуден за незаслужениот пораз.

Нашите фудбалери органзираа одлична шанса во судиското продолжение, Бериша со доста среќа му го одбрани ударот на Бесарт Ибраими, а на крајот турскиот судија Гочек едноставно немаше храброст да покаже на белата точка откако Шиков беше соборен во шеснаесетникот пред да шутне.

Што се однесува до случувањата од синоќа пред да биде прекинат мечот, вреди да се потсети дека Албанија поведе со голот на Садику во 9-та минута, додека израмнувањето за нашата селекција го донесе Алиоски со соло продор на стартот на вториот дел.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e