Немаме сили за големи работи: Унгарија ни го згасна европскиот сон

Mакедонската кошаркарска репрезентација не успеа да го добие важниот меч против Унгарија (66:76) во рамките на 3. квалификациски меч за пласман на Европското првенство следната година.

Голема штета, македонската репрезентација имаше одлична атмосфера и огромна поддршка во салата „Јасмин“, но тоа не беше доволно да се добие Унгарија која беше подобра со 66:76 (17-15, 18-17, 13-16, 18-28) и ни го одзема европскиот сон.

По едно вакво сценарио шансите да се најдеме на Европското првенство се минимални, особено по победата на Велика Британија кај Луксембург.

Натпреварот го почнавме грчевито, Унгарија поведе со 2:7. Марјан Јанески и Војдан Стојановски не им дозволија на гостите рано да го превземат водството. При 4:9, капитенот со четири поени во серија најпрво намали на 8:9, а потоа со тројката на Александар Костоски израмнивме на 13:13 во 8. минута.
Иако скокот не функционираше и имавме „дупки” во одбраната, сепак по првите десет минути со слободните фрлања на Дујовиќ за првпат дојдовме до водство 17:15.

kosarka3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не успеавме да продолжиме во ист ритам. Тот и Ханга направија серија од 6-0 и ја вратија Унгарија на 17:21. До овој момент тивкиот Тревис не врати во игра, а со поените на Дујковиќ израмнивме на 21:21 и не застанавме. Дојдовме до ново водство 24:23, кое можеше да биде и поголемо, но не бевме прецизни од линијата за слободни фрлања.

kosarka2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На две минути до крајот на втората четвртина Николовски донесе ново изедначување, 28:28 со тројките на Ѓуроски, Костоски и Тревис и поддршката од трибините успеавме да ја сочуваме предноста и на полувремето да заминеме со 35:32.

Во третата четвртина цели четири и пол минути бевме без постигнат поен, среќа Унгарците што грешеа и не направија голема предност. Мразот го скрши, капитенот Војдан, со три поени израмни на 38:38. Вистинска борба се водеше на теренот, нашите момци беа максимално пожртвувани. Јанески и Тревис ја вратија позитивата на четири поени (42:38).

kosarka1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На 2:46, по тројката на Унгарците се случи неочекуван расплет. Селекторот Драган Раца доби техничка по забелешката кај еден од судиите, а веднаш по него техничка заработи и Костоски, па противникот поведе со 42:48. Не потпаднавме под притисокот, со одличната поддршка од трибините нашите момци се вратија во игра, во последната четвртина се влезе егал, 48:48.

Вистинска драма се случуваше во продолжение, Унгарија која до полувремето беше очајна од линијата за три поени, погоди две тројки и на нецели пет минути до крајот имаше позитива од шест поени (55:61). Раца повика тајм-аут, но не помогна. Војвода со забивање зголеми на 55:63, а потоа гостите стигнаа и до првите двоцифрени 55:65 во 36. минута.

Војдан со тројка се обиде да не врати, но правевме грешки кои не одалечуваа од победата. Сепак не се предадовме. Николовски со четири поени во низа, намали на 62:67 на две и пол минути до крајот. Центарот на Фени не застана тука, направи дефанзивен скок и со две слободни фрлања доближи на 64:67. Војвода погоди тројка, Тревис промаши слободни фрлања и повторно Војвода стави печат.

Војдан Стојановски со 16 поени беше најефикасен во нашите редови, на другата страна Војвода постигна 28.

Во следниот натпревар Македонија му гостува на Луксембург, кој денеска загуби од Велика Британија.

Извор Спортмедиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e