МЗТ ја загуби неверојатната драма во „Јане Сандански“ и го продолжи лошиот старт во АБА

МЗТ Скопје влезе максимално мотивирано во вечерашниот меч со Цибона со цел да ги остави зад себе високите три порази од Звезда, Партизан и Цедевита, па иако нашиот шампион беше на добар пат да оставри прва победа, на крајот одново мораше да се помири со пораз, кој според тоа како беше претрпен, е најболен од сите досегашни во новата сезона.

Избраниците на Емил Рајковиќ го одиграа најдобриот натпревар и се чинеше дека имаат се во своја корист за да прослават прва победа, но ниту предноста од плус 13 во третата четвртина на крајот не се покажа како доволно да се оствари триумф во регионалната АБА лига. Цибона успеа да се избори за прво продолжение во последните моменти од мечот со поените на Жижиќ (72:72), а тоа им даде поголема самодоверба во дополнителните пет минути, особено во моментите кога се чинеше дека МЗТ е нокаутиран.

Сепак, тимот од Аеродром комплетно се врати и поведе со 82:81 со двете тројки на Синовец и Лалиќ, но за жал Рожиќ реализираше од слободно фрлање за 82:82 и ново продолжение. Во него, кошаркарите на МЗТ повеќе немаа сили за надигрување, а тоа знаеја како да го искористат гостите кои стигнаа до нова победа во АБА со конечни 85:89.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e