Мурињо: Знаеме дека Тотенхем не припаѓа на она место каде што е сега (ВИДЕО)

Жозе Мурињо утрово беше назначен за менаџер на Тотенхем, откако синоќа раководството на клубот се раздели со Маурицио Почетино.

Португалскиот стратег го имаше своето прво интервју за клупската телевизија.

Мурињо вети дека со страст ќе ја води неговата нова екипа и со задоволство ќе ги тренира младите играчи кои ги има во тимот.

„Не треба да сме скромни да кажеме дека Тотенхем го има најубавиот стадион во светот и има фантастични услови за работа. Што се однесува на Премиерлигата знаеме дека не припаѓаме на она место каде што сме сега. Треба да играме натпревар по натпревар да одиме на победи и на крајот на сезоната ќе видиме каде ќе бидеме, но знам дека ќе бидеме на друга подобра позиција отколку сега. Со нетрпение го очекувам овој предизвик и се надевам дека ќе му донесам среќа на клубот“, изјави Мурињо.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e