Мурињо за Венгер: Еден ден ќе го начекам надвор од теренот и ќе му ја скршам главата

Нетрпеливоста меѓу Жозе Мурињо и Арсен Венгер и е добро позната стара приказна на светската спортска јавнсост, но сега лошиот однос меѓу двата светски познати менаџери доби нова епизода благодарение на Роб Бизли, новинар кој инаку важи за најблизок до португалскиот стручњак и човек кој има направено најмногу интервјуа со актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед.

Според пишувањата на Бизли, најтензичната ситуација во односот меѓу Мурињо и Венгер била актуелната на почетокот на 2014 година, односно во моментите кога Португалецот посакувал да го сретне Французинот на улица за да му објасни неколку работи.

Во овој период, двајцата тренери имаа јавни препукувања за трансферот на Хуан Мата во Манчестер Јунајтед, за кој Венгер јавно му замери на Мурињо за тоа што засилува главен ривал за титулата кога тој е надвор од игра за неа.

Жозе не остана рамнодушен на ваквата прозивка и јавно го нарече Венгер специјалист за неуспеси, но според Бизли, Мурињо бил крајно бесен во тој период по што му се доверил со следните зборови.

– Еден ден ќе го начекам Венгер надвор од фудбалскиот терен и ќе му го изобличам лицето, – му порачал Мурињо на новинарот по завршувањето на зимскиот трансфер период во 2014 година.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e