Младите денеска со надеж за ЕП само со „кикс“ на Исланд: Баражот е безмалку недостижен!

Младата репрезентација на Македонија со победа против Шкотска на националната арена „Филип Втори“ може да избори пласман на Европското првенство 2017 во Полска, за првпат на една наша национална селекција во историјата. Натпреварот се игра денеска со почеток од 18.45ч.

Но, сосема е јасно и дека пласманот на ЕП нема да зависи единствено од нас. Победа над Шкотска ќе значи и пласман на ЕП само доколку Исланд не успее да победи против Украина во вториот натпревар од нашата квалификациска група, како ние би завршиле први во Групата 3 со директен пласман во Полска. Доколку Исланд слави против Украина во Рејкјавик, поради подобриот меѓусебен биланс со нас, ќе си обезбеди виза за ЕП.

Во тој случај, Македонија ќе мора да се надева да биде меѓу четирите најдобри второпласирани репрезентации од деветте квалифиикациски групи. Но, тоа и тоа како ќе биде тешко, ако се знае дека пред последното коло Македонија е седмопласирана на табелата на моментално второпласирани селекции.

При составувањето на табелата, кај оние квалификациски групи во кои има по 6 селекции, се бришат натпреварите со последнопласираните репрезентации во групите. Па така при нашето рангирање ќе се бришат 6 бода од дуелите со Северна Ирска. Поради тоа, во моментов Македонија има 12 бода, а со триумф над Шкотска на 11. октомври на крајот би имала 15 бода.

По одигрувањето на вечерашните натпревари во останатите квалификациски групи и победите на Србија над Ирска од 3-1 и Норвешка против Швајцарија од 2-1, дефинитивно се познати условите под кои младата македонска селекција би се надевала на бараж за ЕП по евентуалниот триумф над Шкотска…

1) Австрија од Групата 7 и дефинитивно е недостижна за нас, со оглед на тоа што веќе пред последното коло има 16 бода, а ја очекува дуелот со Германија на крајот.

2) С0сема е јасно дека пред нас ќе биде и второпласираната селекција од Групата 6. Во оваа група ништо не е одлучено, иако во моментов Хрватска е второпласирана, но во игра за двете водечки позиции се и Шпанија и Шведска. Факт е дека, покрај Австрија, и од оваа група, во голема мера, една селекција ќе биде пред нас.

3) Мора да победиме најмалку со два гола разлика како би ја прескокнале Белгија на табелата, која веќе заврши со своите калкулации, и по вечерашниот пораз од Црна Гора (3-0) има 15 бода. За да бидеме пред Белгија треба победа од најмалку два гола над Шкотска за подобра гол разлика.

4) Србија треба да загуби од Словенија во последниот натпревар од Групата 2. 

5) Норвешка во Групата 9 не смее да победи на гостувањето против Казахстан. Со реми и пораз на Норвежаните, ние ќе бидеме пред нив во рангирањето за едно од четирите најдобри позиции на табелата на второпласирани.

6) Израел не треба да победи против Албанија во последниот натпревар од Групата 4.

7) Со триумф над Шкотска, секако ќе бидеме пред Холандија и Романија на табелата.

Што ќе рече, се на се, многу услови, а на крајот безусловно ние најпрво ќе мора да славиме против Шкотска на „Филип Втори“.

ТАБЕЛА НА ВТОРОПЛАСИРАНИ ЕКИПИ ЗА ПЛАСМАН НА ЕП 2017

Tabela vtoroplasirani

* Само четири најдобри второпласирани селекции од девет квалификациски групи ќе играат во бараж за последните две места за пласман на ЕП во Полска

ОДЛУЧУВАЧКИ НАТПРЕВАРИ – ПОСЛЕДНО КОЛО

ГРУПА 2

Србија – Словенија

ГРУПА 3

МАКЕДОНИЈА – Шкотска

Исланд – Украина

ГРУПА 4

Израел – Албанија

ГРУПА 6

Шведска – Хрватска

Шпанија – Естонија

ГРУПА 7

Австрија – Германија

ГРУПА 9

Казахстан – Норвешка

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e