Меси се вмешува во скандал во втор натпревар по ред (ВИДЕО)

Напаѓачот на Уругвај, Единсон Кавани го повика Лионел Меси да се пресметаат за време на пријателскиот натпревар помеѓу двете екипи, што заврши со 2:2 на стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив.

На крајот на првиот дел дојде до расправија помеѓу двајцата, откако беа размените остри зборови.

Аргентинските медиуми открија што си рекле ѕвездите еден на друг, што не звучеше воопшто љубезно. Според Оле, Кавани го „поканил“ Меси да го решат спорот како мажи; со борба.

На ова, Меси одговорил – „Кога сакаш“.

По натпреварот, новинарите го прашаа Кавани за инцидентот, но тој веќе се смири.

„Нормално е, се работи за фудбалско дерби. Дуелот беше тежок, ги имаше сите белези на јужноамерикански фудбал и двата тима покажаа добри работи“, беше коментарот на Кавани.

Меси се вмеша во скандал втор последователен натпревар. Тој, исто така, се судри со тренерот на Бразил, Тите за време на контролниот меч.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e