Македонија се намачи, но го победи Луксембург

Македонската кошаркарска репрезентација се намачи за да стигне до победа (82:74) на гостувањето кај Луксембург во натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Избраниците на селекторот Драган Раца добро го започнаа натпреварот, по првиот период водеа со 21:13, а на полувреме со 48:34, но и тоа не беше доволно за што порано да го решиме прашањето на победникот.

Наместо тоа, Луксембург се врати во натпреварот откако го доби третиот период со 31:16, па во последната четвртина дури и водеше на пет минути до крајот со 71:70. За среќа оттука започна македонската серија која на крајот значеше и победа од 82:74 за втора победа во четвртиот квалификациски натпревар за Евробаскетот.

Најдобар поединец на теренот во нашиот национален тим беше Костоски со 20 поени, 9 асистенции и 7 скокови, Тревис постигна 18, а Николовски 15 поени.

На спротивната страна, Лорент им создаваше најмногу проблеми на македонските репрезентативци и постигна 25 поени.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e