Македонија на врвот на табелата во нејзината група

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година се на чекор до пласман на европското првенство во Полска наредната година по победата против Северна Ирска со 2:0(полувреме 1:0) и се искачи на чело на табелата во пресрет на последното коло од квалификациите.

И покрај врнежливото време, избраниците на селекторот Милевски, цело време имаа контрола на топката и не дозволија на противникот ни малку да ја доведе во прашање победата.

Македонија поведе во 37 минута со автоголот на Дохерти, додека конечниот резултат беше постигнат во 85 минута по одличната полуконтра во која Марковски стрелаше прецизно од средината на шестнаесетникот за конечни 2:0.

На националниот стадион “Филип Втори” присуствуваа некаде 6000 гледачи, а парите од продажбата на билетите ќе бидат донирани за настраданите од поплавите што го задесија Скопје минатиот месец.

Во другите натпревари во нашата група Франција го победи Исланд со 2:0, додејка Украина ја декласира Шкотска со убедливи 4:0.

Со победата, нашите момци водат со 18 бодови пред Франција со 17 и Исланд со 15 кој има и натпревар помалку.

До крајот на квалификациите Македонија треба да игра со Шкотска во Петок на домашен терен и со евентуална победа и еден кикс на Исланд во преостанатите два натпревари со Шкотска и Украина, ќе обезбеди директен пласман на европското првенство, додека во спротивно би играле во баражот што исто така е голем успех за македонскиот фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e