Македонија ја победи Шкотска на гости со 1:0 и се искачи на чело на табелата

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година,во квалификациониот натпревар за европското првенство што ќе се оддржи во Полска следната година, ја победи репрезентацијата на Шкотска со 1: 0  на гостински терен.

Шкотска доминираше во текот на целиот натпревар но на крајот не успеа да постигне израмнувачки погодок и покрај бројните шанси.

Нашата репрезентација поведе во 18 минута со голот на Марковски, после што шкотланѓаните ја презедоа топката во свои нозе. Македонија имаше контрола на резултатот и донекаде успешно парираше на противничките играчи се до 69 минута кога останавме со играч помалку. Бејтулаи успеа за две минути да добие два жолти картони и да заработи исклучување.

Потоа започнаа уште попеколни напади кон нашиот гол но за среќа успевме да се одбраниме.

Некаде во 75 минута се повреди нашиот голман, Алексовки кој и покрај повредата стисна зави и продолжи да игра бидејки веќе ги направивме сите три замени и не можевме да си дозволиме да останеме со двајца фудбалери помалку на теренот.

Македонија сега, на две кола пред крајот  е на првата позиција на табелата со 15 бодови заедно со Исланд кој има натпревар помалку. Трета е Франција со 14 бодови.

До крајот на квалификациите на Македонија и останаа два натпревари на домашен терен, со последно пласираната Северна Ирска и со Шкотска.

По се изгледа натпреварот помеѓу Франција и Исланд што се игра на 6 Септември ќе има големо значење за нашата репрезентација.

Победникот на групата оди директно на европскиот шампионат, додека вториот оди во бараж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e