Конте: На Лукаку му требаат многу тренинзи и натпревари за да биде во добра форма

Селекторот на Интер, Антонио Конте изјави дека напаѓачот Ромелу Лукаку треба да тренира повеќе.

Белгиецот дојде во клубот Милан во летниот трансфер прозорец.

„Ромелу е сигурно добар играч, но треба да тренира повеќе. Тој е фудбалер со моќно тело и на кое му е потребно многу тренинзи и натпревари за да биде во добра форма“, изјави Конте.

Дваесет и шестгодишниот Белгиец оваа сезона има постигнато три гола.

Претходните три години играше за Манчестер Јунајтед, а во својата кариера има настапувано и за Евертон, Челзи, ВБА и Андерлехт.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e