Клиперс и Лејкерс ја отвораат новата НБА сезона

Клиперс и Лејкерс ќе ја отворат новата НБА сезона со дербито на Лос Анџелес, очекувано со голем интерес. Дуелот е во 04:30 часот во среда наутро понаше време, а обете екипи се сериозни кандидати за титулата.

Каваи Ленард е целосно подготвен за своето официјално деби за Клиперси, иако во контролните запиша само 33 минути. Сепак, другата голема фигура на тимот, Пол Џорџ, го пропушта почетокот на сезоната поради операција на рамото и ќе се врати во ноември.

Во исто време, „езерџиите“ повторно направија големи промени во нивниот состав, привлекувајќи друга суперeрsвезда во лицето на Ентони Дејвис, и се засилија со искусни играчи како Дани Грин и Ејвори Бредли.

– Одлично! Не можам да дочекам да започнам. Не играв долго време, но јас сум 100% подготвен, рече Леброн Џејмс, кој го пропушти крајот на минатата сезона поради здравствени проблеми, но сега е целосно опоравен.

Во другиот натпревар од дневната програма, шампионот Торонто се среќава со Њу Орлеанс, а традиционално играчите на Рапторс ќе ги добијат своите шампионски прстени за освоената титула во јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e