Јунајтед во јануари ќе се обиде да го ангажира Тимо Вернер

Манчестер јунајтед ќе се обиде да го привлече германскиот напаѓач на Лајпциг, Тимо Вернер во јануари, пренесува „Експрес“.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер го посакува Германецот во своите редови по секоја цена и е уверен дека тимот ќе може да ги обезбеди неговите услуги.

Проблемот, сепак, е во тоа што Ливерпул, исто така, има „мераци“ за стрелецот, па битката за неговиот потпис се покажува како исклучително интересна.

Сепак, самиот Вернер би имал повеќе шанси за докажување на „Олд Трафорд“ и тоа може да го наклони кон премин во Јунајтед.

Оваа сезона Тимо има шест гола од осум одиграни натпревари во Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e