Јунајтед утна два пенала, но славеше над Норвич (ВИДЕО)

Во натпреварот од 10. коло од Премиер лигата, Манчестер јунајтед го совлада Норвич со 3:1 и при тоа не реализира два удара од 11 метри.

Головите за гостите на денешниот дуел ги постигнаа Скот Мектоминај, Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал. За Норвич погоди Онел Ернандез.

Пеналите за Јунајтед не ги реализираа Рашфорд при резултат 1:0 и Марсијал при водство на неговиот тим од 2:0.

Манчестер јунајтед ја оствари својата прва победа на последните пет меча и со 13 бода се наоѓа на 7. место.

Норвич е претпоследен на табелата со само седум бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e