Ѓорческа против Орпана во финалето на турнирот во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, беше подобра од Украинката Маријана Закарљук со 6:2, 6:3, и на доминантен начин се пласираше во финалето на турнирот кој се игра во Белек, во близина на турскиот град Анталија.

Ѓорческа е прва носителка на турнирот, па ќе ја има улогата на фаворит и во финалето на овој турнир со награден фонд од 15.000 долари. Мечевите се играат на отворено, на тврда подлога.

Во битката за трофејот, Лина утре ќе игра против Она Орпана од Финска, која е трета носителка, и денеска во полуфиналето немаше напорен меч со Русинката Ирина Хромачева, која се предаде при 2:6, 0:1.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e