Ѓоковиќ со победа го стартуваше Завршниот мастерс во Лондон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари победа во натпреварот против Матео Беретини со 6:2, 6:1 во првиот натпревар од завршниот Мастерс турнир на осумте најдобри тенисери на светот, кој се игра во Лондон.

Ѓоковиќ загуби само три гејма во дуелот со Италијанецот, а средбата траеше само 63 минути.

На српскиот тенисер  му треба најмалку пласман во финалето во Лондон, ако сака да си го врати првото место на АТП листата, на кое во моментов се наоѓа Рафаел Надал.

Во вториот денешен натпревар, вечерва, третиот носител Роџер Федерер за ривал го има Доминик Тим, додека утре се играат дуелите од другата група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e