Еврогол на Пандев од 40-тина метри (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев постигна вистински еврогол во Серија А за својата Џенова на мечот против Лече за водство од 1-0.

Пандев во 31.минута успеа да искористи едно неуспешно исфрлување на противничкиот голман Габриел и од 40-тина метри ја затресе мрежата постигнувајќи го својот трет гол на 14 одиграни меча за Џенова.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e