Еурофарм поразен од Татран во Лигата на шампионите

Еурофарм Работник вечерва пред своите фанови загуби од Татран Прешов со 23-24 (14-13) во меч од ракометната Лига на шампиони, а гостите до триумфот стигнаа со гол во последните секунди.

Ракометарите на Еурофарм Работник како и на претходните натпревари, солидно почнаа, имаа водство и првото полувреме го завршија со предност од 14-13, но во второто полувреме сликата на теренот се смени. Во периодот од 47 до 54 минута гостите остварија резултатска серија од 5:0 со што се навести поразот на домашните ракометари. Гостите победија со 24-23, а објективната публика со аплауз ги награди за постигнатиот успех.

Статистички најефикасен на натпреварот беше Острушко од Еурофарм Работник со 8 постигнати голови, а кај гостите 7 постигна Рабек.

Вечерва решаваа секундите, трпеливоста и искуството, изјави хрватскиот тренер на словачкиот шампион, Славко Голужа

„Јас сум под големи емоции затоа што прв пат во мојата ракометна кариера гостувам во Битола. Ги забележувате солзите во моите очи, но јас уште како дете сонував и посакував да дојдам и да играм во оваа спортска сала. Ова е неверојатно што се случува во Битола, како се сака ракометот и затоа на Еурофарм Работник им посакувам успех во следните натпревари. Вечерва бевме за нијанса подобри и победивме“, изјави Голужа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e