Ето се вмеша во „војната“ на Чави и Роналдо: Ако се беше правилно и фер…

Медиумското препукување меѓу Чави Ернандез и Кристијано Роналдо доби посебно на актуелност во Шпанија при крајот на минатата недела, но сега оваа тема доби повторно на публицитет на Пиринеите благодарение на Самуел Ето кој одлучи да се вмеша во „војната“ меѓу двете големи фудбалски имиња.

Чави во своето обраќање од Катар порача дека само фановите на Реал можат да заклучат дека Кристијано е подобар фудбалер од Меси, но на ваквата прозивка следеше брутален одговор од Роналдо кој му порача на поранешниот капитен на Барселона дека има освоено три „Златни топки“, а тој ниту една.

Ваквата ниска провокација од страна на првата ѕвезда на Реал наиде на доста коментари во јавноста, а последен се огласи Ето кој застана во одбрана на својот поранешен соиграч од Барселона.

– Ниту еден играч не може да каже дека е најдобар поради тоа што освоил четири или пет „Златни топки“. Ако оваа награда беше правилно и фер доделувана, Чави ќе имаше освоено пет или шест. Тој е играч кој го заслужува целиот респект од сите страни на светот. Чави не ја даде својата изјава за Меси за да навреди некого, тој никогаш не говори без респект. Едноставно, Чави е Чави, – истакнал Ето во својата изјава за „Кадена Сер“.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e