Дончиќ „рамо до рамо“ со Леброн

Лука Дончиќ не престанува да воодушевува со својот настап со секој нареден натпревар во дресот на Далас. Словенечкиот бек забележа 42 поени, поставувајќи личен рекорд, дополнет со 12 асистенции и 11 скокови, а Маверикс победи по осми пат од почетокот на сезоната по 117-110 против Сан Антонио Спарс.

На овој начин, Дончиќ стана вториот најмлад играч во историјата на НБА лигата кој постигна „трипл-дабл“ со 40 поени. Другиот е Леброн Џејмс, а тие се единствените двајца кои направиле вакво нешто пред да наполнат 21 година.

20-годишниот бек е лидер во целата Лига со шест меча со „трипл-дабл“ игри од тринаесет одиграни натпревари. Покрај неговата генерална статистика на убиец, Дончиќ постигна и клучна тројка (една од вкупно пет за него), со која ги изведе домаќините во водство со 115:110 во завршните секунди од последната четвртина.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ