Динамо прокоцка два гола предност и ремизира со Шахтјор (ВИДЕО)

Одличен натпревар во Загреб меѓу Динамо и Шахтјор заврши без победник 3:3 во групата Ц од Лигата на шампиони.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми постигна гол за Динамо, но хрватскиот тим пропушти голем триумф, бидејќи водеше со два гола разлика, но Шахтјор возврати преку Мораеш во 93.минута и Тете во 97.минута од пенал.

Црвена Звезда во Белград загуби убедливо од Тотенхем со 0-4. Ло Селсо го отвори резултатот, Сон постигна два гола, а во листата на стрелците се запиша и Ериксен.

Реал Мадрид го декласира Галатасарај со 6-0, а младот Бразилец Родриго испиша историја постигнувајќи хет-трик за „кралскиот клуб“.

Резултати, среда

Група „А“

ПСЖ-Клуб Бриж 1:0
Реал Мадрид-Галатасарај 6:0

Табела: ПСЖ 12 бодови, Реал Мадрид 7, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1.

Група „Б“

Баерн Минхен-Олимпијакос 2:0
Црвена Звезда-Тотенхем 0:4

Табела: Баерн Минхен 12 бодови, Тотенхем 7, Црвена Звезда 3, Олимпијакос 1.

Група „Ц“

Аталанта-Манчестер сити 1:1
Динамо Загреб-Шахтјор Доњецк 3:3

Табела: Манчестер сити 10 бодови, Шахтјор Доњецк 5, Динамо Загреб 5, Аталанта 1.

Група „Д“

Локомотив Москва-Јувентус 1:2
Баер Леверкузен-Атлетико Мадрид 2:1

Табела: Јувентус 10 бодови, Атлетико Мадрид 7, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e