Димитров го изненади Надал во Пекинг

Григор Димитров го приреди најголемото изненадување досега на турнирот во Пекинг, елиминирајќи го вториот носител Рафаел Надал со максимални 2-0 во сетови. Шпанецот важеше за фаворит во прсврт на четвртфиналето, но налета на максимално расположениот бугарски тенисер, кој славеше со 6-2, 6-4. Мечот почна со пет брејка во низа пред Димитров конечно да го подобри сопствениот сервис и да поведе со 4-2, по што рутински ја задржа предноста до крајот на сетот.

Надал продолжи со очајна игра, пред се на свој сервис, му овозможи на противникот дури 15 можности за брејк, што беа сосема доволно за Димитров да дојде до неочекувано лесна победа над еден од најдобрите тенисери на денешницата. Следен ривал на бугарскиот тенисер ќе биде Милош Раониќ, кој со 2-0 го совлада Карено Буста од Шпанија.

Првиот носител Енди Мареј беше подобар од Едмунд, совладувајќи го својот сонародник со 7-6, 6-2, па Британецот во утрешното полуфинале ќе се сретне со Давид Ферер, кој денеска беше подобар од Зверев со 2-1 во сетови.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e